Тенисерката Симона Халеп, која вчера триумфираше на Вимблдон и ја освои својата прва титула на овој турнир, е Влаинка од Македонија чии предци потекнуваат од битолско Маловишта. Поради силните врски со своето потекло, нејзини пријатели велат дека таа ќе ја следи семејната традиција и дека планира да се омажи за Влав.
Халем, инаку, ја победи Серена Вилијамс во финалето на Вимблдон со 2:0 во сетови и тоа 6:2 и 6:2 за само 53 минути игра. Ова е нејзин прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите. Претходно Романката триумфираше на Ролан Гарос во 2018 година.
Според проценките, на Балканот во Македонија, Грција, Албанија, Србија и Бугарија живеат од 1.5 до 2 милиони Власи. Во Македонија Власите се малцинство со рамноправни права со мнозинската заедница, а македонските влашки центри се Крушево, Битола, Штип, Кочани, Струга и регионите околу овие градови.
23 годишната Халеп потекнува од најголемата група на Власи во Македонија, Цинцари, која, важи и за етникум со силно влијание во земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.