Петнаесетгодишниот Селдин Салиу од дебарското село Требиште освои второ место на меѓународниот натпревар во уметничко лизгање, кој се одржа во италијанскиот град Мерано.

За Салиу ова му беше прв настап за Македонската федерација на лизгачки спортови, прво деби за Македонија. Досега ја претставуваше Италија, во која беше шампион во уметничко лизгање и европски шампион во категорија кадети.

Младиот лизгач Селдо, како што го викаат блиските, првиот пехар го освои на седумгодишна возраст. Досега учествуваше на 44 натпревари во различни категории во Италија и странство. Осумнаесет пати бил прво место, 10 пати втори и 5 пати трето, при што има и 11 медали.

Во февруари 2015 станал регионален шампион на Венето. Потоа, во 2017 година се качи на пиедесталот како национален шампион, кадет на Купот во Торино.

Неодамна е дел од Македонската федерација на лизгачки спортови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.