Поранешната шампионка во тенис, Мартина Навратилова денеска апелираше за специјално регулирање на статусот на елитни трансродови спортисти откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ со кој се регулира учеството на трансродови ученици во училишни спортски натпревари.
Во интервју за Би-Би-Си Радио 4, Навратилова повика на специјален претседателски указ за врвните спортисти за да се спречи дискриминација врз основа на родов идентитет или сексуална ориентација.
Легендарната чешка тенисерка, Мартина Навратилова, која беше на врвот во осумдесеттите години пред две години пак велеше дека т.н. трансродни луѓе не може да се натпреваруваат на тениските мечеви.
Според неа, луѓето кои се родени како мажи а се декларираат како жени не смеат да се натпреваруваат во женска конкуренција.
Очигледно дека тоа не е во ред. Не може да се прогласите за жена и да влезете во женскиот тенис. Мора да постојат стандарди. Ако имате пениси и се облекувате како жена за да играте тенис тоа не е стандард – вели Навратилова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.