Изминатиов викенд околу 2 часот по полноќ во Рио де Жанеиро, крадец се обидел да ограби девојка и да ѝ го земе телефонот. За негова несреќа, девојката била 27-годишната Полјана Вијана, која се натпреварува во УФЦ.
Чекав „Убер“ пред мојот блок, кога ми се приближи маж, седна до мене и ме праша за часот. Видов дека нема да си замине и го ставив телефонот во џебот, а тој ми се закани и рече дека е вооружен и треба да му го дадам телефон. Го извади пиштолот, но ми се виде прелесен, за да биде вистински, раскажува таа.
Вијана видела дека тоа воопшто не е вистински пиштол, туку е направен од стиропор, па кога на улицата поминале други луѓе, ги замолила да се јават во полиција, а таа му ја свиткала раката на крадецот во стил на кимура. Полицијата дошла и го однела во ургентното одделение за да го прегледаат, а таа отишла со нив за да поднесе жалба. Вијана разбрала дека токму истиот човек бил ослободен од притвор за други престапи.
According to Dana White, this is what happened when a guy tried to rob Polyana Viana pic.twitter.com/bINTbYgi0n
— Sean Ross Sapp of Fightful.com (@SeanRossSapp) January 7, 2019
Бев добро и не ми беше страв, затоа што откако му ги зададов ударите тој се исплаши и повеќе не реагираше. Прво ме молеше да го пуштам, но откако виде дека нема да го пуштам, сам почна да моли за полиција, зашто беше уплашен да не го претепам уште повеќе, раскажала таа.
Ова не е првата таква случка на Вијана, истакнувајќи дека пред неколку години двајца мажи се обиделе да ја ограбат во Белен, но таа повторно успеала да се извлече од тешката ситуација благодарение на своите тупаници. Вијана беше во серија од 6 последователни победи, но во август загуби од Ј.Ј. Олдрич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.