Женскатa тениска асоцијација изгласа неколку промени за новата сезона. Така, тенисерките кои после породувањето се враќаат на турнирите ќе добиваат таканаречен „специјален ранкинг“  и до третата година од породувањето. На ова ќе може да се повикаат и исклучоци на големите турнири.

Правилото е воведено поради Серена Вилијамс, која има освоено 23 гренд слем турнири.

Меѓу одлуките и за промена на правилото за облекување. Според новото, тенисерките нема да бидат казнувани ниту ќе биде забрането да носат хеланки или специјални шорцеви без фустанче.

Серена Вилијамс, на пример, оваа година не беше носителка на Ролан Гарос што беше нејзин прв гренслем по раѓање на ќеркичката Олимпија. Од здравствени причини таа носеше црн комбинезон за време на мечевите што беше специјално дизајниран за подобра циркулација по породувањето и проблемите со згрутчување во крвта. Но, затоа тенискиот сојуз на Франција во август оваа година се огласи и соопшти дека ќе забрани на Американката да игра во комбинезонот на Ролан Гарос во 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.