Меѓу оние кои се заразени со коронавирус е и едно лице кое припаѓа на групата која „по правило“ не треба да биде загрозена. Јужноафриканскиот пливач Камерон Ван дер Бург е олимписки првак од Лондон 2012 и сребрен од Рио де Женеиро 2016.

Тој го опиша своето искуство со коронавирусот кое е многу стресно и изненадувачки за него.

Се борам со Ковид-19 во последните 14 дена. Ова е најлош вирус што сум го имал во животот, иако сум здрав, со силни бели дробови. Водам здрав живот. Но, иако најчестите симптоми поминаа и понатаму чувствувам голем замор и кашлица која не престанува. Со часови сум изморен, дури и од најобична прошетка, напиша Ван дер Бург на социјалните мрежи.

Тој испрати јасна порака на сите.

Ве молам, грижете се за себе. Здравјето е најважно. Ковид-19 не е шега, вели тој.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.