Професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) соопшти денеска дека годинешното финале ќе се игра пред 22.000 гледачи, а специјални гости на трибините за мега популарниот Супербол ќе бидат 7.500 вакцинирани здравствени работници
Раководството на НФЛ лигата наведе дека лекарите, медицинските сестри и другиот здравствен персонал ќе бидат вакцинирани и бесплатно ќе добијат влезници, кои во просек чинат 2.400 долари. Во целост им бидат покриени и сите авионски и хотелски трошоци.
Годинешниот Супербол, најгледаниот натпревар во американскиот спорт, ќе се одигра на 7 февруари на „Рејмонд Џејмс“ стадионот во Тампа, на Флорида
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.