Јана Сизикова, руската тенисерка кокја вчеравечер беше успасен поради сомнежи дека на минатогодинешното издание на Ролан Гарос намести еден меч, денеска е пуштена од притвор.
Сизикова формално не е обвинета, но останува под истрага, објави париското обвинителство. Тенисерката беше уапсена вчера откако го одигра својот меч во женски двојки на Ролан Гарос.
Таа ги негирала обвиненијата, а нејзиниот адвокат Фредерик Бело за АП изјави дека руската тенисерка сака да вложи жалба поради клевета.
Таа е ставена во притвор како криминалец. Рече дека не е виновна и не сакаше да им помагам за време на испитувањето бидејќи смета дека таа е жртвата – изјави адвокатот Бело.
Бело исто така изјави дека од денеска започнал да ја застапува Јана Сизикова откако бил контактирал од родителите на тенисерката. Обвинителството соопшти дека Сизикова е уапсена поради „подмитување во спортот и организирање измама и тоа за дела кои најверојатно се случија во септември 2020 година“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.