Рускиот тенисер Карен Kачанов го победи Шпанецот Пабло Карено-Буста во полуфиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Токио.

По 1 час и 20 минути, Качанов славеше со победа во два сета, коишто ги доби со по 6:3.

Во финалето на Олимписките игри, Качанов ќе се сретне со победникот од дуелот Александар Зверев (Германија) – Новак Ѓоковиќ (Србија).

Качанов е 12. фаворит на Игрите, додека неговиот противник беше шести. Прв носител е Ѓоковиќ, додека Зверев е петти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.