Роже Федерер објави дека се повлекува од Ролан Гарос, иако се пласираше во четвртото коло. Федерер, кој наскоро ќе наполни 40 години, изјави дека го прави тоа за да си го заштити телото.
По разговорите со мојот тим, решив денеска да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и една година рехабилитација, важно е да си го слушам телото и да не се форсирам предвреме, изјави Федерер.
Тој донесе ваква одлука по победата на исцрпувачкиот меч со Доминик Кепфер, кој заврши ноќеска дури после полноќ.
Пред да дојде во Париз, Федерер имаше одиграно само три меча во последните 16 години. Тој и претходно не криеше дека негов приоритет е Вимблдон, кој почнува на 28 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.