Големи промени, скоро тектонски, се случуваат во светот на професионалниот тенис последните месеци, пред се поради зголемената загриженост од корона вирусот.

Последниот доказ, дека дојде ново време и дека послабите тенисери ќе бидат повеќе или помалку заштитени од банкрот, додека најуспешните ќе започнат да заработуваат помалку, го даде Ролан Гарос.

Последниот грен слем во оваа многу посебна сезона, покрај тоа што беше принуден да го намали наградниот фонд, но и да го паузира амбициозниот проект за преструктуирање на спортскиот комплекс во шумата Булоњ, реши да ја смени распределбата на парите.

Учесниците во првата рунда квалификации од главната ждрепка ќе добијат значително зголемување, така што првиот ќе заработи (без данок) 10.000 наместо 7.000 евра, а вториот 60.000 наместо 46.000. И според принципот на споени судови, тоа зголемување предизвикува намалување на врвот, кое е исто така значајно.

„Сека“ започнува од четвртфиналето, за кое беа добивани 415.000 евра во минатото издание, а сега 283.500 евра. Полуфиналистите сега имаат загарантирана сума од 425.500, а финалистите 850.500 евра. Победниците на Ролан Гарос во сингл сега ќе освојат 1,6 милиони, наспроти 2.300.000 платени во 2019 година.

Грен слемот во Париз, во кој титулата ја брани Рафаел Надал, но не и Ешли Барти, бидејќи таа одлучи да остане изолирана во Австралија, веќе започна и тие во моментов се во фаза на квалификација. Натпреварот во главната ждрепка започнува на 27 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.