Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер стигна до својата 101. АТП титула, откако вечерва во финалето на Мастерсот во Мајами го победи Џон Изнер од САД кој го бранеше трофејот.

Во меч кој траеше еден час и две минути, четвртиот носител го доби првиот сет со 6-1, а во вториот резултатот беше 6-4.

Од 37-годишниот Федерер, само Американецот Џими Конорс има освоено повеќе АТП трофеи, вкупно 109, во периодот од 1972 до 1996 година.

Наградниот фонд на турнирот во Мајами, САД изнесуваше 8,35 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.