Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа да и донесе медал на Србија на Олимписките игри во Токио, откако денеска прво го загуби натпреварот за бронзата во машка конкуренција, а потоа го откажа натпреварот за третото место во мешани двојки.
Од медицинската служба на Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) објавија попладнево дека Ѓоковиќ поради повреда без борба го предал дуелот во мешани двојки.
Новак Ѓоковиќ се откажа од настап во дуелот за бронзениот медал во мешани двојки поради повреда на левото рамо. Ешли Барти и Џон Пирс без борба ги победија Ѓоковиќ и Нина Стојановиќ и освоија бронзен медал за Австралија – објави ИТФ на својот Твитер профил.
Претходно во текот на денот, српскиот тенисер го загуби натпреварот за бронзениот медал во машка конкуренција од Шпанецот, Пабло Карењо-Буста со 6:4, 6:7, 6:3 и без медал го заврши настапот на олимпискиот тениски турнир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.