По четиримесечната пауза, Рафаел Надал, се врати на терените, но загуби од Енди Мареј на егзибицискиот турнир „Светско првенство во тенис Мубадала“.
Надал загуби од Шкотланѓанецот 6:3, 7:5 во полуфиналето од тридневниот настан што се одржува во Абу Дабу.
Последниот меѓусебен меч двајцата тенисери го имаа во мај 2016 година, кога Мареј го победи Шпанецот со 7-5, 6-5 во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.
Следниот меч на Надал ќе биде со Денис Шаповалов, во битка за трето место на турнирот, додека, Мареј ќе го игра финалето против Андреј Рубљов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.