На гала-вечер насловена „Вечер за жени во спортот“ која ќе се одржи вечерва, 20 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, првпат во Македонија ќе бидат доделени спортски оскари.
Организатор на настанот е Здружението „ТАКТ“.
– На оваа свеченост е предвидено да се слави успехот, најдобрите спортски постигнувања на жените спортистки во 2018-та година, во вкупно 13 категории. Целта настанот е да се истакне квалитетот и значајноста на женскиот спорт во Република Македонија, да се актуализира и промовира заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни во спортскиот сектор – изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.
Настанот го организира граѓанската организација „ТАКТ“ а поддржувачи на настанот се Стејт Департмент САД и Амбасадата на кралството на Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.