За прв пат во историјата Македонија на Олимписките игри во Токио ќе има свој претставник во теквондо. Нашиот репрезентативец Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир во Софија.
Георгиевски во двата денешни настапи во категоријата до 80 килограми успеа да забележи победи и да се пласира во финалето. Во четврт-финалето македонскиот репрезентативец го совлада Динко Шегедин од Босна и Херцеговина со 17:9, а потоа во полуфиналето триумфираше над Азербејџанецот Радик Исаев со 13:6. Противник во финалето ќе му биде Хрватот, Иван Шапина кој беше поуспешен од Емре Атешли од Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.