Мик Шумахер ја освои својата прва победа во Формула 2. Дваесетгодишниот син на Михаел Шумахер стартуваше на прво место и заврши на тоа место на спринтерската трка во Будимпешта.

Шумахер направи 28 круга на патеката „Хунгароринг“ и заврши со 1,4 секунди пред јапонскиот пилот Нобухару Мацушита, заработувајќи го својот прв успех за тимот на „Према Рејсинг“.

Германскиот пилот остана на осмото место на втората трка во Ф2 овој викенд во главниот град на Унгарија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.