Полскиот тенисер Хуберт Хуркач, во третото коло од Мастерсот во Индијан Велс го победи Френсис Тиафу со 6:3 и 6:2 и со таа победа, ќе го престигне Рожер Федерер на АТП ранг-листата.

По ваквиот резултат, швајцарскиот тенисер, кој е дваесеткратниот грен слем шампионод следната недела повеќе нема биде меѓу најдобрите 10 тенисери на светот.

Последен пат Федерер не беше меѓу првите десет на ранг-листата пред Австралија Опен во 2017 година. Тогаш Швајцарецот го освои Грен слемот во Мелбурн како 17 рекет во светот.

Четириесетгодишниот Фередер од понеделник ќе падне на најмалку 11. место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.