Репрезентативката на Сан Марино во стрелаштво, Алесандра Перили, испиша историја на Олимписките игри во Токио.

Перили го освои првиот медал за Сан Марино во историјата со пласманот на третото место во финалната серија во дисциплината трап 125.

Во оваа дисциплина, со 45 погодени мети и нов олимписки рекорд триумфираше Зузана Рехак-Стефечкова од Словачка. Сребрениот медал и припадна на Американката Кајли Браунинг.

Во истата дисциплина во машка конкуренција, златниот и сребрениот медал го освоија репрезентативците на Чешка, Јиржи Липтак и Давид Костелцки, додека бронзата му припадна на Британецот Метју Кауард-Холи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.