Девет дена пред стартот на најголемиот светски спортски настан, Летната Олимпијада, денеска во просториите а МОК беше презентирана нашата делегација која ќе не претставува на игрите во Токио
Македонија ќе ја претставуваат осум спортисти во седум спортови, а покрај нив ќе патуваат и стручните лица (тренери), додека предводник на делегацијата ќе биде Владимир Богоевски.
Македонското знамето на отварањето на ОИ ќе го носи Дејан Георгиевски, а според новото правило на ИОК тоа треба да биде носено од машка и женска личност, па така на Георгиевски друштво ќе му прави Арбреша Реџепи.
Токму од Георгиевски, но и борачот Могамедгаџи Нуров се очекува и најмногу, односно дури и освојување на олимписки медали, а нашиот знаменосец Георгиевски најавува и атак на златниот медал.
Покрај двајцата фаворити за највисок пласман, Македонија на ОИ ќе ја претставуваат и пливачите Миа Блажевска Еминова и Филип Дерковски-пливање, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска која ќе настапува во кати, џудистката Арбреша Реџепи и Борјан Бранковски- кој ќе настапува во спортското стрелаштво
Македонската делегација во петок заминува за Токио каде од 23 јули до 8 август ќе се одржуваат ОИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.