Намерата да се изгласа Даниел Димевски за преседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК) по секоја цена на синоќешното Изборно собрание на македонското олимписко движење беше повеќе од доволно првиот човек на Боксерската федерација и воедно потпретседател на МОК, Примислав Димовски заедно со уште десетина членови да го напуштат Собранието.

Димовски повика на заминување, што беше прифатено од Александра Војнеска-Зикова, едниот од двајцата кандидати за наследник на Васил Тупурквоски и од нејзините следбеници. Тие си заминаа, но Собранието продолжи да работи, без да биде проверено дали има доволен кворум за работа.

Претходно, долгогодишниот ракометен репрезентативец на Македонија, Борко Ристовски, отворено ги критикуваше случувањата на Изборното Собрание на МОК. Ристовски потенцираше дека изборот на Димевски нема да биде легитимен бидејќи и тој самиот не ги исполнувал условите за кандидат.

Јас сум само гостин и затоа ќе се извинам за моето излагање. Искрено мислам и Тупурковски и генералниот секретар и директорот, не заслужува Македонија ваков избор. Немате ни половина од овие луѓе и да дозволите да бидете избрани е брука за спортот и за вас како спортски работник. Немам ништо лично против вас, туку против тоа што го претставувате во спортот, изјави Рисевски на Собранието на МОК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.