Предраг Русевски кој своевремено ги постигнуваше најдобрите резултати на македонската репрезентација во Дејвис куп натпреварувањето, преку социјалната мрежа Фејсбук ја информира јавноста дека не работи повеќе во тимот на ТК „Југ“, а еве ги и причините:

Официјално веќе не работам во тимот на ТК Југ!! Поради бројни несогласувања на спортски план, менување на планови програми и слично, без никаков разговор или прашање за истото со спортските работници, потценување на човечката и професионална личност како спортски работник, како и крајно некоректен арогантен однос према своите тренери (вработени) во кој бев и јас и родители во негов стил од страна на претседателот на клубот иако без никаков проблем и одлична тимска хемија на работење помеѓу тренерите, на некој начин после 30 години играње и работење во Македонскиот тенис бев избркан и непожелен веќе во клубот за жал, клубот кој го чувствувам исто како него за свој со многу емоции и со прекрасни доживеани моменти на истите терени! Сакам и јавно да се извинам на сите родители и на сите натпреварувачи што во овој момент се наоѓаме во оваа ситуација и се надевам дека што поскоро ќе го решиме овој проблем и ќе работиме уште подобро и ќе се гледаме уште долго на тенискиот терен, бидејќи сезонава конечно ќе почне! Спортски поздрав,напиша Русевски на Фејсбук.

Со репрезентацијата во 2006 година успеа да го оствари најголемиот успех пласирајќи се во Првата евро-африканска зона со победата над Финска.

Oficijalno veke ne rabotam vo timot na TK Jug!! Poradi brojni nesoglasuvanje na sporstki plan, menuvanje na planovi…

Gepostet von Rusevski Predrag am Dienstag, 7. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.