Кубанскиот атлетичар во трискок Хордaн Диаз, кој на митинг во Европа ги напушти своите репрезентативни колеги, е исклучен од олимписката репрезентација на Куба, која брои 69 членови, потврди  претседателот на Кубанскиот спортски институт, Хозе Антонио Миранда.

Тој објави дека 20-годишниот Диаз „го напушти својот тим во Европа“, додека шпанските медиуми јавија дека атлетичарот пребегнал во Шпанија.

Диаз е младински олимписки првак од Олимпијадата во Буенос Аирес во 2018 година и беше меѓу главните кандидати за медал на претстојните Игри во Токио.

Неговиот најдобар резултат е 17.49 метри, што е кубански јуниорски рекорд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.