Германските телевизии ЗДФ и Велт, направиле истражување кое покажало дека еден високо рангиран и еден германски тенисер на АТП листата се вмешани во скандал со местење натпревари.

Веќе цела година се води истрага против германскиот тенисер под кодно име „Макс Х“, а истрагата покажала дека во истиот скандал е вмешан и играч кој е меѓу 30-те најдобри на светот, тенисер кој освоил три АТП титули.

Заработката од наместен натпревар била десетици илјади евра, а на натпреварите на кои победникот е договорен однапред, се уплаќале помали суми, но на стотици различни места. Резултатите од истрагата треба да се обелоденат за неколку месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.