Автодромот „Термас де Рио Ондо“ во Аргентина на кој најчесто се возат трки во Мото ГП е зафатен од огромен пожар. Според првичните информации штетите се огромни и катастрофални.

Пожарот, според натписите во тамошните медиуми, избувнал во ВИП-ложите, а оганот брзо се проширил во коментаторските кабини и медиа центарот, а горат и боксовите во кои вообичаено им припаѓаат на тимовите. Како што пишуват аргентинските медиуми пожарот зафатил и дел од музејот на патеката наречен по легендарнито Ф1-возач „Хуан Мануел Фанџо“.

Засега не е позната причината за пожарот, а пожарникарите се борат да го изгаснат што е можно побрзо. Првите проценки се дека штетите се огромни. Единствената добра вест е што засега нема повредени во пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.