За жал потрагата по олимпискиот шампион во борење, Александар Ивањицки трагично е завршена. Повеќеструкиот шампион во светот и  освојувач на злато на Ол во Токио 1964 година, пронајден е мртов во областа Руза во близина на Москва.

Ивањицки во средата исчезнал во шумата во која се упатил за да бере печурки. Веднаш целата држава била на нозе. Сите тргнале во потрага по славниот спортист, но за жал му немало спас.

Покрај реката пронајдени се лични работи и мобилиниот на 82 годишниот Александар и било јасно дека се удавил.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.