Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, по сублимирањето на впечатоците од настапот на нашите репрезентативци на Игрите во Токио, изрази задоволство од постигнатите резултати и оптимизам за уште поголеми успеси во иднина.
– Беше привилегија да се биде во Токио со еден фантастичен склоп на спортисти и тренери. Владееш одлична атмосфера. МОК веруваше во сите наши спортисти кои настапија на Олимпијадата. Тие возвратија со одлични настапи, лични и национални рекорди, како и сребрениот медал на Дејан Георгиевски којшто го направи најголемиот успех во независна Македонија. Тој треба да биде пример за секој млад спортист.
Ние ќе продолжиме со поддршката на што поголем број наши спортисти се во насока на обезбедување што повеќе норми и медали на следните Олимпијади, изјави Димевски на денешната прес-конференција.
Медалистот Дејан Георгиевски се заблагодари за поддршката и најави нови успеси на следните големи натпреварувања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.