Марко Пејчиновски вечерва мораше да го прекине маратонот кој се обидуваше да го исплива во име на децата со ретки болести.

„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“
Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести.

Марко изминаа 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри.

Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!, стои на фејсбук страната на Марко Пејчиновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.