Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев стана севкупен победник на светската серија на ултрамаратон на отворени води на ФИНА 2019.
На последата трка во Италија (од островот Капри до Неапол), Поп Ацев заврши на третото место, што беше доволно да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
За Поп Ацев ова е третпат во кариерата да го освои Светскиот Куп. Првиот пат ова го стори во 2015 година.
Второ место во севкупниот пласман беше Бертол Гилермо од Италија, додека трет заврши аргентинскиот пливач Блаум Дамиан.
Светската серија се пливаше и во Охрид на 28 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.