Полскиот ски-скокач Пјотр Жила е победник на натпреварот од Светското првенство на малата скокалница во Оберздорф, Геманија.

Жила до златото стигна со скокови од 105 и 102,5 метри или вкупно освоени 268,8 бодови.

Второто место и сребрениот медал му припадна на домашниот натпреварувач Карл Гајгер со 265,2 бода (103.5 и 102 метри).

Бронзениот медал го освои третопласираниот Анже Ланишек од Словенија кој забележа скокови со должина 102,5 и 101 метар доволни за 261,5 бода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.