Денеска стартува 26. Светско првенство во ракомет, за прв пат со две земји домаќин, Германија и Данска, меѓу 24. земји учесници е и селекцијата на Македонија која утре ги почнува натпреварите.

Франција го брани светскиот ракометен трон, уште 23 земји ќе се обидат да остават впечаток и да ги остварат своите цели.

Светското првенство го отвара домаќинот Германија во меч против Јужна Кореја кој се игра од 18:15 часот. Денеска се игра и мечот меѓу Данска и Чиле, тој почнува од 20:15 часот.

Македонската репрезентација во подмладен изглед, утре ја почнува борбата на Мундијалот, прв противник ни е Јапонија (15:30 часот), а во нашата група која се игра во Минхен се уште и Шпанија, Хрватска, Исланд и Бахреин.

Изглед на групите:

А-група (Берлин): Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја.
Б-група (Минхен): Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.
Ц-група (Копенхаген и Хернинг): Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле.
Д-група (Kопенхаген): Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар.

Првите три селекции од секоја група продолжуваат во главната фаза каде се формираат две нови групи.

Распоред на натпреварите на Македонија:

Македонија – Јапонија (петок 15:30 часот)
Македонија – Бахреин (недела 14:00 часот)
Македонија – Хрватска (понеделник 18:00 часот)
Македонија – Шпанија (среда 20:30 часот)
Македонија – Исланд (четврток 18:00 часот)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.