Скопје е подготвено за еден од најзабавните и најинтересни настани во светот на танцот кој ќе се одржи оваа година. Студијата „Eat the beat“ и „Break a leg“ во петок, сабота и недела во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го организираат меѓународниот танц натпревар „Dance OFF“. Веќе има пријавено над 2.700 учесници од 17 држави кои ќе се натпреваруваат во сабота и во недела.
Танцот е во нашата крв. Тој е од огромно значење затоа што претставува темел врз кој може да се изразуваме емоционално со движење и ритам. Пример за тоа се над 2.700-те пријавени натпреварувачи од 17 држави како Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други. рече, Трајче Петковски од скопското студио „Break a leg“.
Овој меѓународен натпревар го правиме 4-та година по ред и имаме 4 пати повеќе енергија од порано. Секој кој ќе дојде во сабота и недела ќе може да гледа феноменални настапи од хип-хоп до латино и балет. Самиот настан е поддржан и во склоп на настаните на светската танцова федерација (ИДО) и затоа е многу интересен. Имаме натпреварувачи од најмали до возрасни, од 4 години до 34 години. Најискрено се надеваме дека Dance OFF повторно, исто како изминатите 3 години, ќе поттикне многу луѓе да се впуштат во светот на танцот , вели Илија Карадакоски од „Eat the beat“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.