По долга и тешка болест, денеска почина Хајруш Синани, еден од основачите на боречкиот клуб Лирија и тренер на поранешниот олимписки шампион Шабан Трстена.
Синани е роден 1947 година, а со борење почнува да се занимава во 1954 година во боречкиот клуб Металург од Скопје. Тој беше државен првак, а имал успеси и на меѓународни турнири како член на репрезентацијата на Југославија.
Тренерската кариера ја почнува во 1977 година во БК Лирија од Скопје, каде и што ја звршува во 2002 година. Токму во истата година, по два мандати, го завршува и членувањето во Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).
За тренерската работа, но и кариерата на борач, тој во 2012 година ја доби државната награда „8 Септември“, а во 2011 година наградата за животно дело на град Скопје „13 Ноември“.
Со голема болка ја прочитав пораката, иако вчера бев, го посетив во неговата куќа. Сега веќе мојот покоен тренер Хајруш, беше во многу критична состојба, неговото здравје беше уништено од проклетиот рак. Мој тренеру, секогаш сум бил горд на тебе, како и на тренер и ќе бидам сè додека Бог ќе ми даде живот да живеам на овој свет. Ние сме заедно во мојот спортски живот веќе 20 години, во најтешките времиња, иако немавме услови и повторно не се откажавме и успеавме да ја напишеме златната историја на спортот во Македонија! – напиша на својот Фејсбук профил, Шабан Трстена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.