Поранешниот одбојкар на скопски Работнички, ЦСКА и Славија, Христо Модев почина вчера на 43-годишна возраст.

Модев беше дел од Работнички, кој пред 12 години го оствари најголемиот успех во клупската историја, откако се пласираше на фајнл-фор турнирот на „Топ тим“-купот во организација на ЦЕВ.

Одбојкарот зад себе ја остави сопругата Валентина, како и двете ќерки, Габриела и Келементина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.