На 55 годишна возраст, почина легендарниот ски-скокач и еден од најуспешните во овој спорт на сите времиња, Финецот Мати Никенен. Тој по скијачката кариера, настапуваше со својот музички бенд по пабови и ресторани.
Така било и изминатиот викенд, за кога неговите пријатели раскажуваат дека бил многу расположен, но изминатата ноќ тој бил пронајден мртов. Сѐ уште не се знаат причините за неговата смрт.
Никенен е роден 1963 година, а прекарот „летечкиот Финец“ го заработи со бројните златни медали, претежно освоени во периодот од 1980-90 година. Овие години беа златни за неговата кариера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.