Голема трагедија се случи во Србија. На 31-годишна возраст почина Бобана Момчиловиќ Величковиќ, трикратна европска шампионка.

Бобана, која е актуелен првак на Стариот континент во стрелаштво во категоријата Воздушен пиштол на 10 метри имала компликации при породувањето пред дваесетина дена.

Ситуацијата дополнително се закомплицирала во последните неколку денови и за жал докторите не успеаа да и го спасат животот.

Беше голем борец, но за жал најважната животна битка ја загуби денеска, објавија од Стрелачкиот сојуз на Србија.

Во оваа трагедија бебето не било загрозено, и се чувствува добро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.