Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела.
На тој начин, српскиот тенисер се откажува од одбрана на титулата освоена на турнирот минатата година.
Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам малку повеќе време со моето семејство – соопшти Ѓоковиќ.
Оваа година, Србинот победи на првите три Грен слем турнири. Во Њујорк, тој може да стане првиот тенисер од 1969 година што формирал календарски Грен слем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.