Катја Танаскоска (11) е нова македонска пливачка надеж кој неодамна го собори државниот рекорд на 200 метри грбно во категоријата помлади пионерки стар 26 години. Рекородот беше во сопственост на славната македонска пливачка Мирјана Бошевска, неколкукратна олимпијка. Танаскоска патеката на 200 грбно ја исплива за две минути, 29 секунди и 38 стотинки, а рекордот на Бошевска беше 2:30:52, испливан во 1994 година. Уште еден куриозитет е што Бошевска ова време го испливала на 13 години, а Танаскоска на 11.
Освен рекордот на Бошевска, Танаскоска исплива и нови државни рекорди на 100 метри грбно (1:09,04 минути) и на двојно пократката патека, на 50 м. грбно (32,58 секунди). Ова беа нејзини државни рекорди во овие дисциплини (100 и 50 метри грбно) што таа ги подобри.
Катја веќе шест години тренира пливање во пливачкиот клуб Скопје каде што работи со трнерот Иван Банов и е ученичка во седмо одделение во основното училиште „Лазо Трповски“.
На последното државно првенство освои седум поединечни златни медали и уште четири во штафетни трки и беше прогласена за најдобар пливач во категорија помлади пионери за 2020 години.
Танаскоска на државното првенство ги собори сопствените државни рекорди на 50 и на 200 метри грбно, а учестваше и во штафетите четири пати по 50 метри слободно и четири пати по 50 метри мешано. И двете штафети испливаа нови државни рекорди во категоријата помлади пионерки. Штафетата, освен Танаскоска, ја сочинуваа и Сара Јанковиќ, Мина Шекеринова и Ања Каралиева.
Танаскоска е проласена и за државен првак во повеќе дисциплини во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.