Базените конечно почнаа со работа, пливачите по посебни протоколи се враќаат на тренинзите, засега е дозволено пливање само членовите на пливачките клубови, рекреативците ќе почекаат уште некое време.
Националната пливачка федерација се заблагодари на Владата што конечно им дозволи да се отворат базените и потсети на протоколите по кои ќе пливаат пливачите.
Владата на Република Македонија на својата седница одржана на 16.06.2020 година го усвои протоколот за работа на базените предложен од Националната пливачка федерација.
Почнувајќи од 22.06.2020 сите базени во Македонија почнуваат со работа за Пливачките клубови, Националната пливачка федерација е во постојан контакт со базените во Македонија со цел да се овозможат услови за работа за сите нејзини клубови членки.
Во моментот со работа е почнат базенот во склоп на Спортскиот центар Борис Трајковски каде што покрај нашите протоколи, мора да се почитуваат и сите мерки предложени од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство а тие се носење на заштитна маска,одржување на дистанца и лична хигиена.
Заедно со раководството на базенот е изготвен и протокол за тренирање односно сатници кои ги доби Националната пливачка федерација за свои Репрезентативци, Стипендисти и Медалисти од Национални првенства а тие се наутро од 07:00-08:00 и 08:30-09:30 и попладне од 14:30-15:30. Сите пливачи мора да се на базенот најрано 30 минути пред почеток на тренингот, влегувањето на базенот е од главниот влез а излегувањето е преку трибините. Пливачите мора да бидат облечени во купаки за тренинг од дома и сета своја опрема да ја носат со себе,сите физиолошки потреби да се сведат на минимум со што се намалува влегувањето во тоалетите.
Сите пливачи пред тренингот носат маски кои ги симнуваат пред да влезат во вода и ги ставаат веднаш кога ќе излезат, додека тренерите ги носат маските и за време на тренингот.
Уште еднаш благодарност до Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје кои во периодот од 3 месеци беа со нас во секојдневна комуникација за подобро усогласување на препораките и за храбрата одлука да се пуштат базените.
Сега останува на самите нас, да бидеме одговорни и ги почитуваме сите препораки, стои во соопштението на Националната пливачка федерација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.