Американската поп-панк пејачка, Пинк, изјави дека е подготвена и сака да ја плати казната на женската ракометна репрезентација на Норвешка, која одби да игра во бикини.

Пејачката на Твитер ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам.

Горда сум на норвешките ракометарки кои протестираа против сексистичките правила што важат за нивните тимови. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Одлична работа, девојки! Јас ќе бидам среќна да Ви ја платам казната – напиша Пинк.

Норвежанките беа казнети затоа што одбија во натпреарот за третото место на Олимписките игри да се натпреваруваат во бикини.

Норвешките ракометарки притоа упатија повик до федерацијата да им биде дозволено да се натпреваруваат во кратки панталони. Сепак, тие не добија одговор на нивното барање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.