Дуња Иванова, како претставник на Велосипедскиот клуб Енерџи од Скопје, е годинешниот државен првак со освоени три први места на Државното друмско-ридско, Државното друмско – хронометар и Државното првенство во планински велосипедизам, а во организација и како дел од годишниот календар на Велосипедската федерација на Македонија. Титулата ,,државен првак“ претставува највисокото признание во спортските кругови во текот на една календарска година.

Иванова по професија е концертен пијанист и наставник, воедно и доктор на науки по естетика и автор на неколку книги и публикации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.