Охрид овој викенд повторно минува во знакот на Атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, осмислена како спортско-рекреативен настан што прави спој на трчањето, движењето, спортот, со квалитетната исхрана и здравите животни навики воопшто.
Во рамки на манифестацијата што се одржува по јубилеен петти пат се предвидени повеќе содржини, но главните настани се предвидени за утре, и тоа Градската трка на 21 километар, Рекреативната трка на пет километри, како и соодветните Тим-билдинг трки.
Поради одржувањето на спортските настани утре од 7:30 до 11 часот неколку улици во центарот на Охрид ќе бидат затворени за сообраќај, така што се упатува апел до жителите на тие улици, но и дистрибутерите на стока, туристичките работници, такси-компаниите за почитување на времениот режим на сообраќај.
Тим-билдгинт трката и овојпат ќе мине во знак на поддршка на заедницата на пациентите со ретки заболувања и нивните семејства. Оваа година ќе се трча за еднаков и правичен пристап до дијагноза, лекување, здравствена и социјална нега и можности.
За екипата на лицата со ретки болести ќе трчаат и пациенти со ретки болести како што се Алпорт синдром, Ихтиоза Хистиоцтоза на лангерхансови клетки и членови на нивни семејства, но и нивни поддржувачи.
Триста милиони луѓе ширум светот кои живеат со ретка болест, како и нивните семејства, се соочуваат созаеднички предизвици во секојдневниот живот. Бидејќи се сметаат за ранлива и занемарлива популација, се соочуваат со социјална изолација.
Постојат над 6000 ретки болести кои се хронични, прогресивни, дегенеративни, оневозможувачки и често животозагрозувачки. Поради реткоста на секоја индивидуална болест и расеаната популација низ целиот свет, експертизата и информациите за секоја од нив се оскудни. Во здравствените системи кои се дизајнирани само за честите болести, пациентите се соочуваат со неправичност во пристап до дијагноза, нега и третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.