Македонската репрезентација во традиционално карате освои два златни, еден сребрен и два бронзени медала во кати на ИТКФ Медитеранскиот онлајн шампионат кој се одржа вчера и денес.

Златни медали освоија Мила Саздова во јуниорска конкуренција и Александра Стојановска во кадетска конкуренција.

Дејан Недев го освои сребрениот медал во сениорска конкуренција.

Бронзени медали заработија Аљоша Недев кај сениорите и Максим Илиев во кадетска конкуренција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.