Теквондистот Дејан Георгиевски денеска постигна историски успех, освојувајќи го сребрениот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) кои се во тек во Токио, Јапонија.
Во финалето на категоријата до 80 килограми, 22-годишниот скопјанец попладнево беше поразен од Русинот Владислав Ларин со 15:9 и освои сребро, што е прв олимписки медал за Македонија во последните 21 година. Претходно, борачот Могамед Ибрагимов, на ЛОИ во Сиднеј 2000 година освои бронза, што беше прв медал во самостојна Македонија.
Каков беше патот на Георгиевски до олимпиското сребро?
Тој во полуфиналето го совлада вториот фаворит Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.
Иако рангиран на 14. место, Георгиевски на патот до финалето ги елиминираше светскиот првак од Куба, Рафаел Јуниер Алба Кастилјо (11:8), Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска (9:4) и вториот фаворит Кјо Дон Ин од Јужна Кореја (12:6).
Георгиевски е роден во 1999 во Скопје и е член на теквондо клубот Бутел. Во 2017 стана европски првак, а лани се закити со европско сребро. Тој е единствениот спортист во македонската делегација кој обезбеди олимписка норма за Токои. Тоа му успеа на квалификацискиот турнир во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.