Џон Гедерт, тренер на американскиот тим за гимнастика што освои злато на Олимписките игри 2012 година, изврши самоубиство откако беше обвинет за сексуална злоупотреба на гимнастичарки во Мичиген.
Неговото тело е најдено вчера крај автопат близу Лансинг, Мичиген, САД, соопшти полицијата.
Против Џон Гедерт е поднесена тужба за физичко, вербално и сексуално злоставување на 20-тина девојки кои тренирале гимнастика меѓу 2008 и 2018 година во неговиот клуб Твистарс близу Лансинг. Во истиот клуб работеше и терапевтот Лери Насар, поранешен лекар на американскиот државен тим по гимнастика, кој беше во средиштето на најголемиот сексуален скандал во спортската историја на САД.
Гедерт требаше да се појави во околниот суд вчера попладне
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.