Шефот на лекарската служба на Тенискиот сојуз на Хрватска, доктор Игор Бориќ, тврди дека Григор Димитров не пријавил дека не е добро и дека чувствува симптоми на вируст, иако бил во контакт со него.
Бев во контакт со Димитров, се слушнавме преку телефон. Ми се обрати во четвртокот наутро врзано за болките кои ги чувствуваше во лактот – рекол Бориќ.
Бугаринот не споменал на докторот дека се чувствува лошо.
Ништо не ми кажа за тоа, така што за сето тоа немам никаква информација – рекол докторот.
Хрватскиот доктор смета дека организаторите на турниорт не направиле никаков пропуст, ама хрватската публика направила.
Имаше премногу луѓе на трибините и публиката не го почитуваше социјалното дистанцирање и редовната дезинфекција на рацете. Сите денови, освен во финалето, имаше доволно место на трибините за да се направи растојание, ама луѓето не се придржуваа до тоа – рекол доктор Бориќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.