Јужноафриканскиот параолимпиец, Оскар Писториус, кој е во затвор за убиството на својата девојка, Рив Стинкамп, наскоро би можел да се сретне со нејзините родители. Тоа е дел од процесот што води кон разгледување на условно ослободување на осуденикот.

Писториус има право на условно пуштање од затвор по отслужување на половина од казната. Сепак, прво мора да учествува и во т.н. „ресторативна правда“, што се сосредоточува на рехабилитација на сторителот преку помирување со жртвите или заедницата како целина.

Писториус ја уби Стинкамп во 2013 година, За време на судењето, тој се правдаше дека мислел дека таа е натрапник во неговиот дом во Преторија поради што испукал неколку куршуми во вратата од бањата.

Во 2015 година тој беше осуден на 13 години и пет месеци затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.