Претставникот на организацискиот одбор на Олимписките игри во Токио, Јуки Арата, објави дека медалите за најуспешните спортисти на Игрите ќе бидат изработени од рециклиран материјал.
Произведовме 5.000 медали кои се направени од рециклирана домашна електроника. Станува збор за паметни телефони, компјутери. Сè беше собрано и донесено кај нас од жителите на Токио. Подиумот, на кој ќе се одржи доделувањето на наградите, исто така е еколошки – ќе биде направен од рециклирана пластика – информира Арата.
Властите на 8 јули соопштија дека во Токие ќе биде воведена вонредна состојба поради корона вирусот.
Летните олимписки игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.