Олимписките игри во Токио ќе се одржат без гледачи.
Оваа одлука сè уште не е официјално објавена, но јапонската новинска агенција „Кјодо“ објави идека церемониите на отворање и затворање на Игрите исто така ќе бидат без гледачи.
Одлуката за одржување на Олимпијадата без гледачи ќе биде донесена на состанокот меѓу шефот на МОК, Томас Бах, шефот на ИПЦ, Ендру Парсонс, олимпискиот министер Тамај Марукава, гувернерот на Токио, Јурико Коике и Сеико Хашимото, шефот на организацискиот одбор на Олимписките и параолимписките игри во Токио. Состанокот е во тек.
За потсетување, денеска е воведена вонредна состојба во Токио поради корона вирусот, а тие мерки ќе траат и за време на Олимписките игри.
Според јапонското Министерство за здравство, во средата во Токио биле откриени 920 случаи на инфекција. Тоа е 206 повеќе во споредба со минатата недела.
Олимписките игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август. Тие требаше да се одржат уште во 2020 година, но беа одложени за ова лето поради пандемијата на корон авирусот.
Претходно, организаторите на Олимпијадата објавија дека на странските навивачи нема да им биде дозволено присуство на натпреварите, а локалните навивачи ќе може да пополнат не повеќе од 50 проценти од местата на трибините. Вкупниот број на на гледачи не смееше да надминува 10 илјади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.