Поранешниот двократен освојувач на сребрен медал на Олимписките игри, Нејтан Бегели, е прогласен виновен за криумчарење кокаин во Австралија, вреден 150 милиони долари. Освен поранешниот 45-годишен австралиски кануист, осуден е и неговиот помлад Брат, Дру.
Двајцата браќа се осудени за обид за увоз на 650 килограми кокаин во Австралија во 2018 година. Казната ќе им биде изречена дополнително.
Бегели освои две сребра за Олимпијадата во Атина во 2004 година, а во три наврати стана и светски шампион.
Неговата кариера е одбележана со скандали, со оглед на тоа што во 2005 година беше позитивен на стероиди, а беше и во затвор, исто така со брат му, поради учество во група која произведувала дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.